Одраз

Институт за комуникациски студии

Љубопитно анализирање на состојбата со животната и општествена средина во Република Македонија. Секоја епизода поставува едно прашање и преку разговор со тројца различни соговорници, доаѓа до еден сублимиран заклучок. read less
Society & CultureSociety & Culture

Episodes

Дали подземните води се намалуваат поради преголемата „бетонизација“?
Apr 2 2024
Дали подземните води се намалуваат поради преголемата „бетонизација“?
Велат подземните води влијаеле на сонот, на расположението, на здравјето... За тоа не знаеме, но од разговорите во нашиот нов поткаст знаеме дека од подземните води во Скопје ние пиеме, наводнуваме, растеме храна, го одржуваме злеенилото кое го намалува загадувањето, ги користиме во индустријата. Од подземните води зависи и влажноста на земјата, од тоа пак здравјето на растенијата, од тоа пак влажноста на воздухот и дали ќе имаме „топлотни острови“. Големата урбанизација и покривањето на секое делче од градот со асфалт, бетон и градби ги намалува површините преку кои водата од врнежите може да се впие во земјата и да се слее во подземните природни резервоари. Со тоа имаме тренд на намалување на нивото на подземните води, а како тоа веќе влијае и може да влијае во иднина слушнете го поткастот со Васко Стојов, хидролог во Управата за хидрометеоролошки работи, и Бојан Симовски професор по урбана дендрологија на Шумарскиот факултет во Скопје.
Каков див свет има во Скопје?
Feb 23 2024
Каков див свет има во Скопје?
За разлика од постојаниот притисок за поголема урбанизација и средени симетрични простори кои му годат на човечкото око, на живиот свет му одговараат повеќе места кои на луѓето им личат на запуштени. За среќа, такви простори сѐ уште останале на некои места во Скопје, а некои видови на животни и птици се приспособиле да живеат и во оваа наша „бетонска џунгла“. Така и главниот град, таков каков што е, сепак претставува некаков екосистем, во кој покрај луѓето живеат и други видови.    За тоа какви сѐ очи нѐ набљудуваат од своите скривалишта во градот разговаравме со истражувачите на Македонското еколошко друштво, Данка Узунова и Драган Арсовски. Слушнете какви видови на птици и животни живеат во Скопје, како треба да се однесуваме кон нив и со што би можеле да им го олесниме животот.
Што можеме да направиме ние со отпадот?
Dec 22 2023
Што можеме да направиме ние со отпадот?
Знаеме дека во нашата земја сѐ уште нема многу начини како секое домаќинство да може да го намали своето влијание врз заедничката животна средина. А сепак, некои начини постојат. И со тек на време, бавно, но сѐ повеќе се прошируваат овие можности. Колку и да ни изгледаат безначајно мали нашите секојдневни навики во трошењето струја, вода, купувањето, облекувањето, готвењето, патувањето до работа и училиште, годишниот одмор - сите тие имаат кумулативен ефект. Тоа што од секој одделно се чини по малку, кога ќе се собере заедно станува многу. Тоа што секој одделно може барем малку да го намали, исто така кога ќе се собере на куп, станува многу. За тоа што може да направи секој од нас зборуваме, не со „проповедници“, туку со неколку наши сограѓани кои живеат со оваа свесност и така и постапуваат во секојдневниот живот. Со модната дизајнерка Ирина Тошева која се грижи и за отпадот од модната индустрија, за храната со Димитар Самарџиев од Зелената Арка која ја создаде и одржува урбаната градина „Бостание“ во Ново Лисиче, а со Андријана Папиќ Манчева која со години експериментира како да го сведе домашниот отпад на НУЛА, токму за тоа, за отпадот од нашите домови.
Живот од 43 илјади пластични кеси
Nov 17 2023
Живот од 43 илјади пластични кеси
Кесите ги забранивме по втор пат, а сепак ги има насекаде. Преминот кон алтернатинивите на бесплатните кеси за еднократна употреба и по десетина години никако да почне. Биоразградливи кеси во Македонија не постојат, а оние кои се разградуваат се распаѓаат на микропластика која потоа дишеме и јадеме.   Кеса по кеса, секој ден во Македонија се користат и се фрлаат три милиони и сто четириесет и седум илјади пластични кеси за една употреба.   Каде одат овие кеси? Што значи „биоразградливи“? Зошто ги гледаме само поголемите и подебели кеси со рачки, но не и помаите, потенки без рачки? Какво е нивното влијание врз здравјето? На овие и на многу други прашања разговараме со професорката Јадранка Блажевска – Гилев од Институтот за органска технологија на Технолошко металуршкиот факултет во Скопје и со Здравко Савески, политиколог и член на граѓанската Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.
Дали децата и паметните телефони се паметна комбинација?
Aug 17 2023
Дали децата и паметните телефони се паметна комбинација?
Деца со телефони на училиште, деца со телефони по игралишта, деца со телефони во ресторани, деца со телефони дома. Прекумерното користење на смарт телефоните и социјалните мрежи е загрижувачка кога станува збор за најмладите и најранливите. Дали е оваа интензивна врска здрава? Каков ефект имаат смарт телефоните и содржините кои ги нудат врз менталното и физичко здравје на децата? И кој е ефектот врз социјализацијата со врсниците и родителите? Зборувавме со Ана Попризова, училишен психолог и гешталт терапевт, Тиjана Ивановска,  лиценциран психолог, гешталт терапевт и основач на Себесложувалка и Силвана Левајковска, пензиониран педагог и класен наставник на деца од 1 до 5 одделение за да стигнеме до с’ржта на темата: што претставува оваа технологија и кој треба да го регулира одговорното користење?
Кој ги пушти кучињата?
Jul 3 2023
Кој ги пушти кучињата?
Голем број на кучиња скитници талкаат ширум Македонија. Улиците на градовите, селата и дури шумите стануваат нов дом на најдобриот пријател на човекот. Но, дали човекот е воопшто добар пријател на кучето? И кога веќе има толку кучиња на улица, мора да прашаме: Кој ги пушти кучињата? За да одговориме, ја разглобивме улогата на напуштените кучињата во урбаните и руралните (еко)системи. За состојбата со напуштени кучиња, причините за нивниот број, сегашни активности и идните планови за хумано, системско решение зборувавме со Диме Меловски, еколог од Македонското еколошко друштво (МЕД) и Воислав Димитровски, ветеринар. Трет „соговорник“ ни беше трибина на ИКС за напуштени кучиња од минатата година од каде користевме исечоци од говорите на Војо Гоговски, државен советник за шумарство и ловство и  Димитар Терзиевски, раководител на одделението за благосостојба на животни во АХВ за појасно да разбереме каде лежи одговорноста.
Држи ли вода иднината на Македонија?
Jun 5 2023
Држи ли вода иднината на Македонија?
Според извештај од Обидинетите Нации, во 2050 година 5 билиони луѓе ќе се соочуваат со недостаток на вода барем еднаш месечно заради климатските промени. Но, не е само тоа причината. Несовесното користење на водените ресурси, застарените системи за пренос на водата како и целосното запоставување на грижата за квалитетот на водата се сериозна закана за нашата иднина. Македонија се снабдува со вода од изворите кои се наоѓаат во западниот планински дел од нејзината територија. Истовремено, непрекинато таму се градат каменоломи, малихидроцентрали и дополнителни индустриски загадувачи. Дали, ако вака продолжиме, можеме да снемаме вода за пиење и - што тогаш? Одговорите ги даваат Бојан Ристовски, експерт за намалување на загуба на вода и основач и сопственик на фирмата „Аквасејф“, Златко Илијоски, директор на одделот за хидрогеологија при Градежниот институт „Македонија“ и Лилјана Поповска од Зелен институт.
Каква храна јадеме?
Apr 28 2023
Каква храна јадеме?
Храната е неизбежен и вкусен дел од нашето постоење. Затоа и често зборуваме за неа, особено за „здрава храна“. Но што значи „здрава храна“? Зеленчук и овошје? Кое зеленчук и овошје, од пазар или од маркет? Каков ефект на нашето здравје може да имаат пестицидите и штетните материи како тешки метали кои може да го најдат патот до коренот на плодовите кои ги конзумираме? И, во поширока смисла, каков ефект имаат земјоделските пракси на нашиот екосистем? Одиме низ сите овие чекори за да одговориме: во македонското поднебје, каква храна јадеме? За да дојдеме до заклучок, зборувавме со три експерти од разни полиња: проф. др. Гордана Ристовска, специјалист по хигиена и здравствена екологија како и началник на одделение за здравствена безбедност на храната при Институтот за Јавно Здравје, Ордан Чукалиев - специјалист за наводнување на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ и Димитар Самарџиев, пермакултурен дизајнер, основач на Иградина, член на Зелената Арка и соосновач на општествената градина Бостание. Слушнете го поткастот да откриете нѝ кажаа.
Кој се плаши од ChatGPT?
Mar 31 2023
Кој се плаши од ChatGPT?
Вештачката интелигенција дијагностицира болести, вози коли, слика цртежи, монтира видеа, а сега и пишува есеи. Се плашите или се радувате? Овој пат разговаравме за ChatGPT и сличните четботови кои користат вештачка интелигенција. Од моментот на нивно стапување на сцената пред неколку месеци, разни сектори почувствуваа дека нивната иднина не е веќе сигурна. Каков ќе биде ефектот врз образованието, дали тоа ќе значи дека луѓе во контент-индустријата и новинарството ќе губат работни места, но и како воопшто функционира овој вид на вештачка интелигенција и која е можната цел во светот, се дел од прашањата на кои се обидуваме да одговориме во новата епизода на „Одраз“.   Со нашите соговорници Игор Трајковски, поранешен професор на ФИНКИ и создавач на time.mk, со Татјана Ефтимоска, професорка по македонски јазик во  приватното училиште „Нова“ и поранешна координаторка за Меѓународна матура во училиштето и со Анастасија Петревска, искусен пишувач, уредник и менаџер во контент-индустријата, се обидуваме да одгатнеме: Треба ли да се плашиме од ChatGPT?
Ќе се спаси ли Скопје со новиот Генерален урбанистички план
Mar 3 2023
Ќе се спаси ли Скопје со новиот Генерален урбанистички план
Скопје како град во изминатите 2 децении подлежи на бескруполозно градежно дивеење, отсуство на разумна и јасна идеја при урбанистичкото конципирање, што во целост влијае врз намалување на квалитетот на живеење во секојдневието. Основниот документ што ги проектира развојните елементи на еден град и всушност треба да претставува своевиден „устав“ за сите активни чинители во архитектурата, урбанизмот и градежништвото, е генералниот урбанистички план. Во текот на оваа година се очекува новиот нацрт план, што треба да биде претставен пред стручната и општата јавност, и што би ја одредил иднината на Скопје за следните десет години и повеќе. За какви сѐ поуки се извлекоа од минатото, каква треба да е идејата за идното Скопје со изработката на новиот ГУП и кои се аспектите што треба да се земат предвид, разговаравме со професорите Слободан Велевски и Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет при УКИМ, како и со граѓанската активистка и архитектка, Искра Јанковска Михајловска.
Ќе го продолжи ли јагулата своето „свадбено патување“?
Feb 4 2023
Ќе го продолжи ли јагулата своето „свадбено патување“?
Европската јагула, која кај нас е присутна во водите на реката Црн Дрим, односно Охридското езеро е уште една од многуте необични природни реткости. За овој вид е карактеристично да процесот на размножување го остварат во Саргасовото море, оддалечено илјадници километри оттука.    Но, човекот со своите дејствија успеал уште еднаш да влијае на природните животински патишта, па така, со изградбата на браните Глобочица и Шпиље од македонската страна на Црн Дрим, како и уште 4 од албанската страна, е целосно попречено таканареченото „свадбено патување“ на јагулата.    За интригантните карактеристики на јагулата, како и можниот спас на нејзиниот вид, Дино Чупевски разговара со кустос биологот Данче Аџиоски од Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга, хидробиологот Зоран Спирковски и раководителот на одделението за рибарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Игор Бојаџиевски.